Македонските кошаркари убедливо совладани во првото коло на јуниорското ЕП

Пораз од 75 разлика во првиот меч од исклучително силната Ц група, каде покрај Литванија се и домаќинот Србија и Грција

Македонските кошаркарски јуниори доживеаја огромен пораз во првото коло во елитната „А“ дивизија на Европското првенство во Белград.

Репрезентацијата до 18 години беше совладана од врсниците од Литванија со 75 разлика односно резултат 137-62 во меч од исклучително силната Ц група, каде покрај Литванија се и домаќинот Србија и Грција.

Нашите јуниори имаа многу лошо отворање на натпреварот. Литванците брзо поведоа со 7-0, за конечно во третата минута да ги видиме првите поени на Македонија.

Брзо противникот стигна и до двоцифрена предност (21-9), а на првата пауза замина со +18 (33-15).

Понатаму предноста само растеше од минута во минута, за на крајот таа да стигне до неверојатни 75 поени.

Во второто коло, веќе утре, Македонија ќе игра против Грција, додека во последното коло ќе се сретне со репрезентацијата на Србија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни