Македонските кошаркари под 18 години европски шампиони во дивизијата „Б“

Фото: Кошаркарска федерација на Северна Македонија

Со осум победи во осум натпревари, македонските кошаркари под 18 години ја освоија „Б“ дивизијата од Европското првенство, откако во дуелот на двете најдобри репрезентации ја совладаа Австрија со 98:88 во Скопје.

Двете непоразени селекции се бореа за првото место, за златните медали, и официјална промоција во учесници во „А“ Дивизијата односно наредниот шампионат кој ќе се одржи во соседна Србија. 

Најкорисен играч на шампионатот беше нашиот Никола Јаничиќ, а покрај него од македонската репрезентација во најдобрата петорка на првенството се најде и Марко Луканоски.

Најново

Последни колумни