Со осум победи во осум натпревари, македонските кошаркари под 18 години ја освоија „Б“ дивизијата од Европското првенство, откако во дуелот на двете најдобри репрезентации ја совладаа Австрија со 98:88 во Скопје.
Двете непоразени селекции се бореа за првото место, за златните медали, и официјална промоција во учесници во „А“ Дивизијата односно наредниот шампионат кој ќе се одржи во соседна Србија.
Најкорисен играч на шампионатот беше нашиот Никола Јаничиќ, а покрај него од македонската репрезентација во најдобрата петорка на првенството се најде и Марко Луканоски.