Македонските фудбалерки до 19 години стартуваат во Лигата на нации

Прв противник на домашен терен во Струмица е Грузија, а во следните натпревари ќе играат против Азербејџан и Словенија

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години утре на домашен терен ќе го почне настапот во новото издание на Лигата на нации на УЕФА во Б дивизијата.


Прв противник на македонските фудбалерки на квалификацискиот турнир што ќе се игра во Струмица е репрезентацијата на Грузија.


Воведниот натпревар во рамки на групата 5 е закажан со почеток во 12 часот на стадионот „Младост“ каде во истиот термин в петок македонската репрезентација ќе игра против Азербејџан, а во завршното коло на 1 декември против Словенија.


Пласман во елитната А дивизијата во Лигата на нации ќе обезбеди првопласираната репрезентација.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни