Во пресрет на 76. издание на Интернационалниот филмски фестивал во Берлин – Берлинале, се навраќаме на македонските филмови што се претставија пред светската публика токму на овој врвен филмски настан. Како фестивал со изразен авторски и политички сензибилитет, Берлинале со години е важна платформа за македонската кинематографија – простор каде домашните автори отвораат сложени општествени и интимни прашања.
Берлинската приказна започнува со „Бубачки“ (2004, Competition) на Игор Иванов – првиот македонски краткометражен филм во главната натпреварувачка програма и номиниран за „Златна мечка“. Преку приказната за аутистичното момче Петар, чиј заштитен свет се распаѓа под налетот на реалноста, филмот проговори за ранливоста и изолацијата. „Бубачки“ го освои „Златниот леопард“ во Локарно и влезе меѓу деветте кратки филмови во трката за „Оскар“, означувајќи силен меѓународен пробив.
„Мајки“ (2011, Panorama) на Милчо Манчевски ја разградува границата меѓу фикцијата и стварноста, поставувајќи ја вистината како нестабилна и вознемирувачка категорија во општество обележано со насилство.
Со „Bardo“ (2012, Generation 22), Марија Апчевска понуди интимен поглед кон загубата преку детска перспектива, третирајќи ја смртта со нежност и емпатија.Во „Кога денот немаше име“ (2017, Panorama Special), Теона С. Митевска создаде портрет на изгубената генерација – младост фатена меѓу економска несигурност и општествена дезориентација.
Со „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ (2019, Competition), македонскиот филм се врати во главната селекција. Преку еден чин на непослушност, филмот понуди остра критика на патријархалните структури и институционалната инертност.Македонија беше присутна и преку малцински копродукции – „Реквием за госпоѓа Ј.“ (2017, Panorama Special) на Бојан Вулетиќ и „Malmkrog“ (2020, Encounters) на Кристи Пују – проширувајќи го своето учество во европски авторски продукции.
Во Берлинале 2026, континуитетот продолжува со „17“, дебитантскиот долгометражен филм на Косатра Митиќ, селектиран во програмата Perspectives (светска премиера на 18.02.2026) – најава за нова генерација македонски автори на една од најважните светски филмски сцени.Во пресрет на 76. издание на Интернационалниот филмски фестивал во Берлин – Берлинале, се навраќаме на македонските филмови што се претставија пред светската публика токму на овој врвен филмски настан. Како фестивал со изразен авторски и политички сензибилитет, Берлинале со години е важна платформа за македонската кинематографија – простор каде домашните автори отвораат сложени општествени и интимни прашања.
Берлинската приказна започнува со „Бубачки“ (2004, Competition) на Игор Иванов – првиот македонски краткометражен филм во главната натпреварувачка програма и номиниран за „Златна мечка“. Преку приказната за аутистичното момче Петар, чиј заштитен свет се распаѓа под налетот на реалноста, филмот проговори за ранливоста и изолацијата. „Бубачки“ го освои „Златниот леопард“ во Локарно и влезе меѓу деветте кратки филмови во трката за „Оскар“, означувајќи силен меѓународен пробив.
„Мајки“ (2011, Panorama) на Милчо Манчевски ја разградува границата меѓу фикцијата и стварноста, поставувајќи ја вистината како нестабилна и вознемирувачка категорија во општество обележано со насилство.
Со „Bardo“ (2012, Generation 22), Марија Апчевска понуди интимен поглед кон загубата преку детска перспектива, третирајќи ја смртта со нежност и емпатија.
Во „Кога денот немаше име“ (2017, Panorama Special), Теона С. Митевска создаде портрет на изгубената генерација – младост фатена меѓу економска несигурност и општествена дезориентација.
Со „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ (2019, Competition), македонскиот филм се врати во главната селекција. Преку еден чин на непослушност, филмот понуди остра критика на патријархалните структури и институционалната инертност.
Македонија беше присутна и преку малцински копродукции – „Реквием за госпоѓа Ј.“ (2017, Panorama Special) на Бојан Вулетиќ и „Malmkrog“ (2020, Encounters) на Кристи Пују – проширувајќи го своето учество во европски авторски продукции.
Во Берлинале 2026, континуитетот продолжува со „17“, дебитантскиот долгометражен филм на Косатра Митиќ, селектиран во програмата Perspectives (светска премиера на 18.02.2026) – најава за нова генерација македонски автори на една од најважните светски филмски сцени.
Превземено од: Агенција за филм
