Македонските Фанк Шуи, Луфтанза, Зи Бомб, Матеј Фолц и Јанг Дади настапуваат на ЕГЗИТ 2024

Синоќа со специјалниот нулти ден беше обележано официјалното отворање на водечкиот музички фестивал во нашиот регион и еден од најголемите светски фестивали ЕГЗИТ чие годинашно издание се одржува со спектакуларна програма на повеќе од 40 бини и зони, од 10 до 14 јули во Нови Сад, Србија.

Новото, 24-то издание на ЕГЗИТ ќе ги собере дел од најголемите светски ѕвезди, како и музичарите во подем кои ја обликуваат сцената на денешницата во најширок жанровски спектар. Меѓу нив, како претставници на македонската сцена годинава се запишуваат четири популарни музички имиња, меѓу кои докажаниот еклектичен рок бенд Фанк Шуи (недела, 14 јули), како и едно од водечките нови имиња на нашата алтернативна сцена Луфтанза (четврток, 11 јули) кои на Егзит гостуваат како финалисти на годинашните европски музички награди „ХЕМИ“. Познати по својот одличен звук во живо, нашите бендови ќе настапат на култната „Виза Фјужн“ бина препознатлива како збирно место на најзначајните електронски, рок и поп изведувачи од регионот.

На „Генг Битс“ бината пак, која во спојот на провокативните рими ги вкрстува енергичните трап и рап изведувачите, во недела 14 јули од Македонија на Петроварадинската тврдина пристигнува добро познатата тројка Зи Бомб, Матеј Фолц и Јанг Дади!

Спектакуларни настапи на Бејби Лазања, Инико и Бурак Јетер за отворањето на EXIT! Вечерва пристигнуваат Гучи Мејн, Карл Кокс, КлангКуенстлер и многу други.

Бејби Лазања, Инико, Бурак Јетер и Димаш синоќа ја „запалија“ Петроварадинската тврдина во Нови Сад каде што беше отворено овогодишното издание на ЕГЗИТ. Вечерва пристигнуваат Гучи Мејн, Карл Кокс, Оливер Три, КлангКуенстлер, Рудиментал и низа други! Портите на ЕГЗИТ Фестивалот синоќа беа отворени по 24-ти пат, а публиката во рамки на специјалниот Нулти ден на „Тесла Јуниверс“ бината ја разиграа и Вајт Фенг, Теја Дора, Лук Блек и „Кени није мртав“, додека вечерва по полн сјај ќе заблескаат повеќе од 40 бини и зони на Фестивалот!

„Најдобриот концерт до сега, најдобрата публика! Никогаш не сме направиле слика со публиката на концерт, но тука мораме – КЛЕКНЕТЕ ПРЕД ЕГЗИТ!” – воодушевено изјави апсолутниот фаворит на евровизиската публика Бејби Лазања, кој меѓу насобраната публика пред Тесла Јуниверс бината предизвика невидена еуфорија! Водечката уметница на новата генерација Инико ги восхити фановите со феноменалниот вокал и со незаборавен перформанс.

Нултиот ден на ЕГЗИТ фестивалот, посветен на роденденот на Никола Тесла, го означи текот на сѐ она што може да се очекува во следните денови – вечерва на главната бина пристигнуваат основоположникот на трап музиката Гучи Мејн, автентичниот уметник Оливер Три, енергичниот состав Рудиментал и австралискиот музички визионер Даб Ефекс! Фамозната Денс Арена повторно ќе го дочека најголемиот од најголемите, самиот синоним за диџејската професија – Карл Кокс, додека утрото во Егзитовиот храм на електронската музика е резервирано за Сама’ Абдулади и КлангКуенстлер!

На ЕГЗИТ Старсидс во претстојните денови пристигнуваат и легендарниот хип-хоп и поп бенд Блек Ајд Пис, соосновачот на Рејџ Агенст Д Машин – Том Морело, браќата Кавалера, Бонобо, Блек Кофи, Масео Плекс, Сара Лондри, Џон Њуман, Офенбах, Стив Анџело, Алтин Гун, Азариа и многу други, а распоредот и целосната програма по бини достапни се на сајтот на ЕГЗИТ Фестивал.

* Автор на фотографиите: ЕГЗИТ Фото Тим

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни