In Memoriam

Македонскиот идентитет низ визуелните инсталации осмислени од Филип Аврамчев

Делата на Филип ќе живеат и понатаму, како инспирација за сите што го носат македонскиот јазик во срцето

Скопје и Македонија загубија голем визионер—Филип Аврамчев (1984–2025), човек чиј творечки дух внесе нова, современа димензија во заштитата и развојот на македонскиот јазик. Со своите идеи, напори и посветеност, тој остави траен белег во процесот на јакнење на македонската државност.

„Ми беше чест и гордост да соработувам со него при иницирањето и осмислувањето на визуелните интервенции за одбележувањето на 30 години независност (2021) и 5 Мај, Денот на македонскиот јазик (2023), во рамки на активностите на Владата и Министерството за култура“ вели Марјан Забрчанес, близок соработник на Аврамев.

Делата на Филип ќе живеат и понатаму, како инспирација за сите што го носат македонскиот јазик во срцето. Слава му!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни