Македонскиот филм „Убиј ги прво децата“ премиерно на Манаки

Во склоп на заокружувањето на програмата на 45. издание на Интернационалниот фестивал на камера „Браќа Манаки“, ќе се одржи националната премиера на „Убиј ги прво децата“ – дебитантскиот филм на Димитар Оровчанец, во продукција на ТРИС ФИЛМС и ДМФ ФИЛМС. 

„Убиј ги прво децата“ е комична приказна за тинејџерка балерина, нејзиниот лудо вљубен дечко и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол кои се губат во најдлабоките лавиринти на скопското криминално подземје заради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео. Главните улоги ги играат Миа Жиро, Мартин Ѓоргоски и Стефан Спасов.

Филмот е во режија на Димитар Оровчанец, а продуценти се Атанас Георгиев, Дејан Илиев и
Корнелија Ристовска. Музиката за филмот ја направи Дарко Спасовски и Игор Василев – Новоградска.

Димитар Оровчанец има искуство како сценарист и режисер на краткометражни и долгометражни
филмови. Има работено на голем број ТВ реклами, кампањи, музички спотови, документарни
филмови, телевизиски документарни филмови и ТВ емисии. Освен со режија и сценарио,
Димитар има и долгогодишно искуство со фотографија кое вклучува ангажмани како директор
на фотографија на еден игран филм, на повеќето од своите кратки филмови како и на на
својот долгометражен документарен филм „Олга”. Покрај искуство во филмската, видео, ТВ
и радио продукција, повеќето од својата кариера ја има поминато работејќи како креативен
ум и режисер за неколку продукциски и адвертајзинг куќи и како и режисер на неколку
театарски претсави.

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни