Вардан Тозија ја понесе статуетката за Најдобра режија во официјалната селекција, а филмот ги освои и срцата на публиката и се здоби со признанието Награда на публиката, во земја каде остварувањата во полето на фантастиката и магискиот реализам имаат посебна улога во сите културни и уметнички сфери.
Макабро е најстариот жанровски фестивал во Мексико, и вториот најстар фестивал од овој тип во Латинска Америка. Поддржан е од градот Мексико Сити, Мексиканскиот Филмски Институт, Кинотеката на Мексико и Националниот Универзитет на Мексико, создавајќи еден од најзначајните филмски настани исполнети со обемна програма на краткометражни и долгометражни жанровски филмови, работилници и панел-дискусии.
Филмскот фестивал Макабро низ годините се етаблира како културен промотор и константен магнет за младата публика пред која се презентираат филмски остварувања од доменот на фантастика, хорор, трилер, но низ посебен авторски печат и наративен израз.
„М“ ја продолжува својата фестивалска турнеја со британска и косовска премиера – во официјалните селекции на интернациналниот филмски фестивал „Гримфест“ во Манчестер, британскиот преставник на фестивалската групација Мелиес; и Интернационалниот Филмски фестивал Прифест во Приштина, најголемиот косовски фестивал што низ годините се етаблира како еден од водечките во регионот.