Македонскиот филм „Лена и Владимир“ ја освои наградата на жирито за најдобра драма на 4. филмски фестивал „Голден Харвест“ во Токио

Филмот е современа антибајка за два лика исклучени од општеството, а премиерно беше прикажан на 19 октомври 2023 година

Македонскиот игран филм „Лена и Владимир“ ја освои наградата на жирито за најдобра драма на 4. филмски фестивал „Голден Харвест“ во Токио.

„Ова извонредно признание е доказ за посветеноста и уметничка визија на нашиот тим кој ги вложи своите срце и душа за да ја оживее оваа приказна. Ја искажуваме нашата срдечна благодарност до Golden Harvest Film Festival за оваа огромна чест која ја потврдува нашата креативна визија“ велат од тимот на филмот „Лена и Владимир“.

Филмот фантастична драма во режија на Игор Алексов, и сценарио на Александар Русјаков.

Филмот е современа антибајка за два лика исклучени од општеството, а премиерно беше прикажан на 19 октомври 2023 година

Владимир ја изгубил љубовта и се повлекува во самотија, а Лена е девојка од дом за сираци, силувана, малтретирана, која никогаш не почуствувала љубов

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни