Васко Саздовски, македонскиот државјанин кој загина при уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад бил научник во локалниот Институт „Биосенс“, објави „Политика“.
Веста ја потврдил Владимир Црнојевиќ, директор на институтот.
„Саздовски работеше во Центарот за сензорски технологии. Се вработи во водечката европска институција како искусен научник. Имаше претходна научна кариера“.
Саздовски работел таму повеќе од една година и секој викенд се враќал во Македонија, каде што живее неговото семејство.
На пат за Македонија тргнал и вчера, кога се случи трагедијата.
Колегите на 45-годишниот Саздовски утринава се собрале во институтот. Според нив, тој работел таму нешто повеќе од година дена.
„Биосенс“ е истражувачко-развоен институт за информатички технологии на биосистемот.
Во Нови Сад од 2 ноември е тридневна жалост поради смртта на 14 лица вчера при падна настрешницата на Железничката станица.