Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски го освои третото место на годинешниот Скопски Маратон

Најдобрата македонска маратонка Адријана Поп Арсова заврши на второто место во женска конкуренција каде доминираше Кенијката Ирине Џеруто

Хилари Чемвоно од Кенија е побединик на годинешниот Скопски Маратон. Неговиот сонародник, Даниел Кипротич го освои второто место, а третата позиција му припадна на најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски.

Во женска конкуренција доминираше Кенијката Ирине Џеруто. Најдобрата македонска маратонка Адријана Поп Арсова заврши на второто место, а трета беше Вивијан Џелагат од Кенија.

На полумаратонска трка доминираа натпреварувачите од Турција. Прв низ целта мина Џан Хусеин, второто место го освои Емектар Мурат, а трет беше Гедиклиоглу Абдурахман. Најдобар македонски натпреварувач на полумаратонската трка беше Иван Пешовски кој заврши на шестата позиција.

Во женска конкуренција, на полумаратонската трка победи Милица Мирчева од Бугари. Греша Бакрачи од Албанија беше втора, а третата позиција ѝ припадна на Јулие Ларсен од Норвешка.

На годинешниот јубилеен Виз Ер Скопски маратон настапија рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни