Македонија годинава ќе биде претставена од двајца истакнати автори: Филип Фидановски, со 7 скулптури во керамика од изложбата „Пикасо можеби јас 2“ и Ана Митевска, со 4 слики акрил и масло на платно од циклусот „Надеж“. Настанот е под мотото „Уметноста поврзува“ и ќе се претстават уметници од повеќе земји од Европа.
Претставувањето на македонските уметници се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура и туризам, со поддршка на Македонската амбасада во Братислава и организациска поддршка на Архифакт од Скопје.