Македонскиот тапан изложен на Skopje Drum Festival 2024

„Христијан Николовски Handcraft“ е успешна семејна приказна која трае веќе дваесетина години. Познатиот македонски традиционален тапан изработен од фамилијата Николовски од Делчево, денес е во составен дел на многубројни оркестри и ансамбли, како во Македонија така и во земјите ширум светот

На 3 ноември македонскиот традиционален тапан на Христијан Николовски ќе биде изложен во склоп на Skopje Drum Festival 2024!.

„Христијан Николовски Handcraft“ е успешна семејна приказна која трае веќе дваесетина години. Познатиот македонски традиционален тапан изработен од фамилијата Николовски од Делчево, денес е во составен дел на многубројни оркестри и ансамбли, како во Македонија така и во земјите ширум светот.

Христијан Николовски дипломира и магистрира на Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, на одделот за Етнокореологија.

Редовно вработен како наставник во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје и ангажиран како насловен доцент на Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, на одделот за Етнокореологија. Професионално, како инструменталист Николовски е активен од 2010год.

Уметник во ансамбл „Македонија“ и соработник со многубројни оркестри и бендови. Од 2014 год. член и на авторскиот бенд „Верка“. Богата концертна активност во: Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија, Италија, Шпанија, Литванија, Јапонија и др.

Христијан Николовски освен како докажан инструменталист, познат е по работилницата за изработка на традиционални тапани од Делчево.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни