Во 37-то издание на списанието „Стрип Креатор“ застапени се македонските автори Дарко Богданов, Александар Стеванов, Кана Бутеска, Теодора Христова, Војдан Андонов и Александар Бараковски. Покрај нив, присутни се и автори од регионот: Марко Стојановиќ, Марко Николиќ и Миодраг Бунијевац од Србија, Никола Видацковиќ од Хрватска, Ведат Шабанаџовиќ од Босна и Херцеговина и Даниел Даниел од Романија.
Бројот 38 носи дела од автори како Милан Јовановиќ, Влада Алексиќ, Дражен Ковачевиќ и Аљоша Томиќ од Србија, Разван Бронеску од Романија, Маја Перак од Хрватска, Димитрис Аврамопулос од Грција, како и од македонските стриписти Александар Танчовски, Елена Апостоловска и Методија Стојановски.
„Стрип Креатор“ е единствена постојана стрип публикација во Македонија која се издава од 2003 година. Во неа редовно се објавуваат дела на домашни и странски автори, вклучувајќи и дебитантски трудови, избрани преку традиционалниот меѓународен стрип конкурс.
Паралелно, во новиот број на „Стрип Алманах“ (број 8) застапени се автори кои своите дела ги создале за време на Меѓународната стрип колонија во Велес. Меѓу нив се Илко Стојановски, Методија Стојановски, Славица Купенкова, Ѓургица Варела, Ана Марија Стефаноска, Ангела Петрушевска, Дарко Бојовски и Мартина Величковска, како и гостинскиот автор Ивица Сретеновиќ од Србија.