Академијата како врвен научен орган е престижна струкова академија која ги соединува и претставува сите општествени науки во Велика Британија и Северна Ирска Проф. Бужаровски е номиниран за член на академијата од страна на Кралското географско друштво, кое е централна научна и наставна асоцијација од областа на географските науки.
Во моментов работи на проект за јакнење на капацитети на високото образование во Македонија.
Во 2019 е прогласен за „Секојдневен херој“ од страна на Европската унија, за неговите заложби за борба против енергетската сиромаштија кои се однесуваат на тоа колку е важно да се градат домовите со подобра изолација заради климатските промени.
Проф. Бужаровски има завршено додипломски студии на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет при УКИМ.
Веќе 26 години живее и работи на универзитетот Оксфорд. Автор е на над 150 научни трудови од областа на животната средина и просторното планирање а постојано соработува со Обединетите нации, ЕУ институциите, Светската банка, Меѓународната агенција за енергетика, и владини агенции ширум светот.