Македонски поети во Тирана, Албанија

Во периодот од 4-6 октомври, македонските поети Славица Гаџова Свидерска, Елена Пренџова, Владимир Илиевски и Михајло Свидерски се претставија на меѓународниот поетски фестивал “Tirana Gate” во Албанија. За настанот беше изготвен каталог со превод на дел од нивната поезија на албански јазик. Поетите читаа одломки од своето творештво, а исто така учествуваа и дебатните панели со книжевна, политичка и историска тематика, кои предизвикаа огромен интерес кај публиката. Славица Гаџова Свидерска учествуваше на панелот со наслов: „Пост-социјализам: падот на Берлинскиот ѕид и реално или имагинарно враќање во Европа“; Елена Пренџова на панелот „Град. Оксиморон. Судбина“; Михајло Свидерски на панелот „Балканот времето и стереотипите“, а Владимир Илиевски на панелот „Бујрум, ако смееш, прочитај ја тишината“, насловен според истоимената книга на Емељ Туна, која исто така беше дел од проектот. Настапот на македонските поети на овој престжен меѓународен фестивал беше организиран од страна на издавачката куќа „Восток“ од Битола, со поддршка на Министерството за култура на РС Македонија и Македонскиот културен центар во Тирана и директорот Златко Ориѓански.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни