11 македонски граѓани побараа евакуација – МНР ги координира конзуларните тимови низ регионот

По ескалацијата на судирите на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи потврди дека 11 граѓани бараат помош за напуштање на Израел. Амбасадорите се на терен.

Македонија исто така е погодена од кризата на Блискиот Исток. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека досега 11 македонски државјани побарале евакуација од Израел, откако американско-израелските напади на Иран го дестабилизираа целиот регион.

Диппломатите на терен

Конзуларните тимови на македонските амбасади низ регионот се активно вклучени во обезбедување поддршка за граѓаните. Министерството потврди дека целосна конзуларна помош е достапна за сите кои имаат потреба.

Граѓаните кои се наоѓаат во засегнатите подрачја се повикуваат да ги следат упатствата на МНР и да се јават на конзуларните служби.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни