Македонски фудбалски репрезентативец го сруши трансфер рекордот во Словенија

Трансферот на Митровски е рекорден за фудбалот во Словенија, Олимпија за напаѓачот плати еден милион евра

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Димитар Митровски го официјализира трансферот во словенечкиот гигант Олимпија.

Митровски во Љубљана пристигна од хрватскиот прволигаш Вараждин. Трансферот на Митровски е рекорден за фудбалот во Словенија, Олимпија за напаѓачот плати еден милион евра.

Митровски (26) постигна осум гола на 28 лигашки натпревари во сезоната 2024/25 а на крајот од сезоната беше избран во идеалниот тим на сезоната во хрватскиот шампионат.

За две и пол сезони, тој одигра 71 натпревар за Вараждин и постигна 13 гола.

Митровски својата фудбалска кариера ја започна во Скопје, во Работнички, а на 16-годишна возраст замина во странство. Во 2015 година се пресели во Германија. Таму беше дел од јуниорските тимови на Ханза Росток и Магдебург. Една година подоцна, се пресели во Спортинг, каде што играше за младинскиот тим во 2017 година, а потоа и за резервниот тим на Спортинг Б.

Потоа Митровски играше за АП Брера, пред да се пресели во Вараждин.

За репрезентацијата на Македонија досега има осум настапи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни