Македонски фестивал на овошјето

Македонски фестивал на овошје ќе се одржи од 11 до 15 септември во Хотел Дишли во Радожда.

Предавачи ќе бидат др. Даглас Грем од Врлика Британија – автор на книгата „Исхрана 80/10/10“, кој на 71 година е шампион во кревање тежина во Велика Британија и над 40 години се храни со 100% овошје, зелечук и јатки, потоа Грент Кембел, Австралија – ултрамаратонец, 19 години се храни со исхрана базирана 100% на овошје, зелечук и јатки, Рафаел Реш, од Австрија – организатор на Фестивалот на овошје во Австрија, Шари Летерман од Флорида – главен готвач кој ќе ја припрема храната, со повеќе од 30 години искуство во оваа област и Омајра Леон од Шведска – успешна приказна за излекување на автоимнуна состојба со жива растителна храна

На фестивалот, велат прганизаторите можете да очекувате: вкусна храна, домашен зеленчук, автохтони сорти на овошје, бобинки набрани директно од планина, ден за органска храна, како и извонредни предавања.

,,Ако сте почетник, или сакате да го продлабочите своето знаење за здравјето и за исхраната, или сакате да научите да подготвувате кулинарски специјалитети и нови рецепти со жива храна, програмите се разновидни и прилагодени за секого” велат организаторите.

На фестивалот ќе има и часови за фитнес и јога.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни