Македонски евергрини од „Бастион“, „Леб и сол“, Маја Оџаклиевска, Ерзана, Нина Спирова во нови аранжмани од современи бендови по повод Денот на Европа

„Ретро кабаре“,„Фанк шуи“, „Пијан славеј“, Дина Јашари, „Сетстат“ и Марија Каева ќе пеат стари македонски хитови во нови аранжмани, а дополнителна забава ќе понудат и диџеј Гоце и ЛД Пистолеро.

Јуроп хаус организира концерт по повод Денот на Европа на платото на УКИМ. Со почеток од 20 часот Скопје денес ќе биде домаќин на уникатен музички спектакл, „Мајска сесија – Дојди да се преслушаме“, а платото пред УКИМ ќе се трансформира во музичка сцена по повод настаните околу Денот на Европа.

„Ретро кабаре“,„Фанк шуи“, „Пијан славеј“, Дина Јашари, „Сетстат“ и Марија Каева ќе пеат стари македонски хитови во нови аранжмани, а дополнителна забава ќе понудат и диџеј Гоце и ЛД Пистолеро.

Retro Cabaret е еден од првите вистински supergroup cover бендови, оформен во 2007. Адаптацијата на поп / рок и шлагер композиции од македонската музичка историја и нивно трансформирање во punkrock / hip-hop / reggae / skacore / jazzcore / funkcore / blues / tropical / ultra brutal technical death metal е она што го работат.

Retro Cabaret а воедно и овој концептуален настан претставуват негување на културата и пренесување на нашето наследство на новите генерации.

На прашањето што може публиката вечерва да очекува од нив, тие одоговорија: „ Нашиот последен live перформанс се случи во 2015 година, па ова ќе биде супер можност за потсетување на старите добри хитови и секако настапот на Toni Ubatz Mandzha“.

Музиката и културата имаат директна улога во градењето мостови меѓу различните култури.

Музиката и општо уметноста често носат уникатни приказни, традиции и вредности на различни култури. Преку слушање и споделување музика од различни делови на светот, луѓето добиваат можност да научат за и да разберат различни култури. Ова помага во намалување на предрасудите и во градењето на меѓусебно почитување како и поголема емпатија и меѓучовечка конекција.

Музиката е универзален јазик кој може да премине културни и јазични бариери. Ритамот, мелодијата и хармонијата можат да се разберат и почувствуваат од сите, без оглед на нивниот јазичен или културен бекграунд. Ова ја прави музиката моќна алатка за комуникација и заедништво.

Концертот ќе биде воден од легендарниот радиоводител Драган Б. Костиќ, кој за време на концертот, во негов уникатен стил, ќе ги најавува новите аранжмани на старите хитови од познатите „Бастион“, „Леб и сол“, Маја Оџаклиевска, „Балкан експрес“, Драган Каранфиловски-Бојс, Ерзана, Нина Спирова и многу други, а публиката ќе има можност да ужива во едно несекојдневно мултимедијално искуство.

Почнувајќи од 18 часот, посетителите ќе имаат можност да ги посетат и книжевниот саем, винил поп-ап продавниците и гастрономскиот дел, кои ќе бидат дел од настанот и ќе служат како вовед и загревање за главниот настан што ќе почне во 20 часот.

Организаторите ветуваат вечер исполнета со култура и забава: „Целта на овој настан е да се вратиме низ времето и да се потсетиме на убавите мелодии од минатото преку преработки во различни стилови“, изјавуваат од Јуроп хаус. „Ова е можност што не се пропушта. Доаѓајте утре на платото на УКИМ, да уживаме заедно во музиката и спојот на старото со новото. Ве очекуваме!“, додаваат организаторите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни