Македонската премиера на документарниот филм „Последниот каубој“

Хари бил сонувач, кога умреле неговите соништа, умрел и тој. Тој не можел да живее без нив, се вложил во своите филмови

Во рамките на селекцијата „Доку Балкан“ на Киненова Филм Фестивал, се одржа македонската премиера на документарниот филм „Последниот каубој“ на режисерот Tадеј Чатеј, во копродукција на Круг Филм од Скопје.

„Кога Хари Џексон веќе ги правел овие филмови, добивме идеја да ги видиме. Каде се тие филмови? Моето прво патување беше во Бјелина, но таму ги нема филмовите. Само слушав повеќе приказни, потоа бев во Берлин кај неговата ќерка и таа ми раскажа некоја друга приказна за тоа каде исчезнале тие филмови, а потоа дојдовме до еден соработник на Кустурица, и тој ги нема филмовите. Така што никој не знае каде се филмовите на Хари Џексон. Потоа ја сменивме целата идеја за филмот, бидејќи доколку ги најдевме неговите филмови тој ќе беше дел од историјата, а вака ќе остане легенда. Хари бил сонувач, кога умреле неговите соништа, умрел и тој. Тој не можел да живее без нив, се вложил во своите филмови“, истакна режисерот Чатер.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни