Васова, родена во Скопје во 2000 година, настапи во конкуренцијата со песната „Љубов“, создадена заедно со Ненад Стефановски и Ади Имери, а во изведбата учествуваат и Петар Лукиќ, Мартин Џорлев и Милош Спасов.
„Не го очекував ова. Ви благодарам што ни давате платформа – нам, ‘the underdogs’, што сакаме искрено да кажеме нешто и да шириме љубов,“ изјави таа по доделувањето.
Наградата традиционално се врачува на 21 септември, на роденденот на фронтменот на „Екатерина Велика“, Милан Младеновиќ. Лауреатот добива парична награда од 3.000 евра, статуетка и можност за настапи на регионални фестивали.
Досегашни добитници се бендовите „Артан Лили“, „д р а м“, „Ана енд Д Чејџес“, Дина Јашари, „Љубичице“ и „Немечек“.
Извор: Радиомоф