Македонската пејачка Елена Васова ја доби наградата „Милан Младеновиќ“

Во рамки на фестивалот „Модро и зелено“ во Макарска, вечерва беше доделена наградата „Милан Младеновиќ“, а годинашна добитничка е македонската пејачка Елена Васова.

Васова, родена во Скопје во 2000 година, настапи во конкуренцијата со песната „Љубов“, создадена заедно со Ненад Стефановски и Ади Имери, а во изведбата учествуваат и Петар Лукиќ, Мартин Џорлев и Милош Спасов.

„Не го очекував ова. Ви благодарам што ни давате платформа – нам, ‘the underdogs’, што сакаме искрено да кажеме нешто и да шириме љубов,“ изјави таа по доделувањето.

Наградата традиционално се врачува на 21 септември, на роденденот на фронтменот на „Екатерина Велика“, Милан Младеновиќ. Лауреатот добива парична награда од 3.000 евра, статуетка и можност за настапи на регионални фестивали.

Досегашни добитници се бендовите „Артан Лили“, „д р а м“, „Ана енд Д Чејџес“, Дина Јашари, „Љубичице“ и „Немечек“.

Извор: Радиомоф

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни