Македонската опера со „Набуко“ гостува во Софија на 13 септември

Националната опера и балет на Република Северна Македонија ќе гостува во Софиската национална опера и балет со операта „Набуко“ од Џузепе Верди, утре, петок, 13 септември. Изведбата во Скопје е закажана за 21 септември на сцената на Националната опера и балет, со почеток во 20 часот.

Операта ќе ја води диригентката Бисера Чадловска, додека режијата е на италијанскиот режисер Ренато Бонајуто. Сценографијата е дело на Флавио Арбети, костимографијата на Артемио Кабаси, а кореографијата ја потпишува Маја Митревска Богоевска. Тимот е дополнет со асистенти и мајстори, меѓу кои Катерина Стојковска, Јасмина Ѓорѓеска и Јане Бакевски.

Главните улоги ги толкуваат истакнати македонски уметници: Марјан Јованоски (Набуко), Злата Тошевска Димовска (Абигаиле), Николина Јаневска (Фенена), Зоран Сотиров (Исмаил), и Игор Дурловски (Захарие).

Ова гостување е дел од договорот за соработка потпишан во ноември 2023 година меѓу тогашниот директор на Националната опера и балет, Васко Ристов, и директорот на Софиската опера и балет, Академик Маестро Пламен Карталов.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни