Интервју со Казухиро Котецу, јапонски оперски пејач

Македонската музика ми го излекува срцето

Во ова интервју разговараме со Казухиро Котецу, познат јапонски оперски пејач, кој веќе години наназад гради силна врска со Македонија, не само преку својата музика, туку и преку виното и традицијата на земјата. Во интервјуто, Котецу открива како македонскиот Вранец стана негов омилен пијалок уште пред 11 години, кога за првпат го пробал во еден ресторан во Македонија. Од тој момент, виното и музиката за него станаа неразделни светови, кои ги поврзуваат луѓето на уникатен начин.

“Виното и музиката на некој начин се надоврзуваат. Тие ги поврзуваат луѓето, тоа е комуникација,” вели Котецу, кој минатата година беше назначен за амбасадор на Вранецот и основач на Токио Вранец камерниот оркестар.

Иако неговата кариера е главно фокусирана на операта, Котецу е добро познат на македонската публика по своите изведби на традиционални и патриотски македонски песни. Во текот на ковид-пандемијата, македонската песна имала посебно значење за него. “Македонската музика ми го излекува срцето,” признава тој, додавајќи дека создавањето Јутјуб видеа со македонски песни му донело емоционално исполнување и големо задоволство.

Котецу ја истакнува својата голема љубов кон македонските уметници, особено кон Јонче Христовски, Сариевски, Манчевски и Васка Илиева. Неговата врска со македонската култура не е само професионална, туку длабоко лична и емоционална, што го прави амбасадор на македонската музика и вино низ светот.

Иако во интервјуто одби да отпее рефрен од „Македонско девојче“ бидејќи, како што вели, „кога пијам, потоа не пејам“, неговата перфекционистичка природа и посветеност на квалитетот ја потврдуваат посебноста на неговите изведби.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни