Македонската гордост на тркачките патеки – РеТрн со Христијан Бузалковски

Во новата епизода на РеТрн ни гостува Христијан Бузалковски – 28-годишниот моторциклист кој веќе една деценија ја пишува историјата на македонскиот мотоспорт.

Неговата тркачка приказна започнува во 2014 година, на само 17 години, а денес може да се пофали со
5 национални титули, 3 европски шампионски титули (BMU) и бронзен медал од Европски шампионат во 2023!

Оваа година Христијан оди чекор понатаму – настапи на најтешката трка во светот – 24h Le Mans, станувајќи првиот Македонец што го направил тоа!

Во краткото интервју за РеТрн ни открива:

  • Што би бил, ако не моторциклист?
  • Има ли воопшто возачка дозвола?
  • Каде се гледа во иднина, и која е неговата неостварена желба?

Христијан не е само шампион на патеката – туку и амбасадор на храброста, истрајноста и спортскиот дух.

Погледнете го интервјуто и запознајте го човекот зад кацигата – Христијан Бузалковски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни