Македонската филхармонија контра Министерство за култура: Ќе се бара кривична одговорност од министерот Љутков

Од Синдикатот на Филхармонија најавија прекин на работата и протести по одржувањето на хуманитарниот концертот утре вечер, чии средства од влезниците ќе се донираат на семејствата на загинатите и повредените во пожарот во кочанската дискотека.

Синдикатот на Македонската филхармонија најави дека ќе бара кривична одговорност за министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Синдикатот на најстарата национална установа од културата реагираше откако со потпис на министерот, за директор на Филхармонија е назначен Мустафа Имери- тенор и професор по соло пеење во Средното музичко училиште, во Скопје.


Одлуката  на Љутков, велат од Филхармонија е потврда дека во оваа земја не се почитуваат законите, дека продолжуваат да се спроведуваат конкурси на нетранспарентен начин и дека партиска книшка и договор се единствена валидна референца за добивање раководни позиции.

,,Љутков донесе политичка, наместо правно издржана одлука и наместо да го дискфалификува, тој реши на незаконски начин да го назначи за директор, кандитатот кој на конкурсот не ги достави сите потребни документи и со тоа ги прекрши условите пропишани во Законот за култура и во самиот конкурс. Затоа вработените ќе побараат кривична одговорност за министерот Љутков, кој наместо да ги почитува законите, реши до крај да го истера меѓупартискиот договор меѓу ВЛЕН и ДМПНЕ” се вели во раекцијата од Синдикатот на Македонската филхармонија.

Нив велат, не им е важна етничката припадност на Имери, туку неговиот капацитет и способност  да раководи со оваа институција.

Од Синдикатот на Филхармонија најавија прекин на работата и протести по одржувањето на хуманитарниот концертот утре вечер, чии средства од влезниците ќе се донираат на семејствата на загинатите и повредените во пожарот во кочанската дискотека.

Од Министерството за култура и туризам се децидни дека конкурсот за избор на директор е спроведен во согласност со сите законски пропис. По евалуацијата на пристигнатите пријави, извршениот увид во документацијата и разгледувањето на понудената програма за работа на националната установа, комисијата му предложила на министерот да повика двајца од кандидатите на интервју. По нивното спроведување министерот Љутков донел одлука, Мустафа Имери да биде избран за директор на Македонската филхармонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни