Македонската Филхармонија прославува 80 години со концертот „Љубов“

Во четврток, на 28 ноември, Македонската филхармонија ќе го прослави својот 80-годишен јубилеј со спектакуларен концерт под наслов „80 години – Љубов“. На програмата се наоѓа светската премиера на композицијата „Куклици“ од македонската композиторка Ана Пандевска, како и Концерт за пијано и оркестар во а-мол од Едвард Григ и монументалната Симфонија бр.1 – „Титан“ од Густав Малер.Како солист на овој значаен настан ќе настапи нашиот познат пијанист Симон Трпчески, кој со својата блескава интернационална кариера добива позитивни критики за својата виртуозност и харизматично присуство на сцената. Концертот ќе го води шеф-диригентот на Македонската филхармонија, маестро Јерухам Шаровски, кој е познат по својата работа со над 50 оркестри низ светот.

Свечената церемонија ќе започне во 19:30 часот во фоајето на Филхармонијата, каде што ќе настапи академскиот хор „Мирче Ацев“. Хорот ќе изведе три композиции од основоположниците на оркестарот, а публиката ќе има можност да ужива во историската изложба која го следи континуитетот на Македонската филхармонија.Не пропуштајте ја оваа уникатна прилика да бидете дел од прославата на 80 години музичка традиција! МРТ ќе врши директен пренос од концертот, овозможувајќи му на поголемиот број на публика да го проследи овој значаен настан.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни