Македонска премиера на ,,Убиј ги прво децата” на Димитар Оровчанец на Манаки

Филмот ја имаше светската премиера на Сараевскиот филмски фестивал

Македонскиот филм ,,Убиј ги прво децата” ќе ја има домашната премиера во Официјалната селекција „Камера 300“, на затворањето на МАНАКИ 45.

Филмот ја имаше светската премиера на Сараевскиот филмски фестивал.

Во дебитантскиот долг игран филм на режисерот Димитар Оровчанец, работен од кинематограферот Владимир Самоиловски, станува збор за комични сплетки во кои се вовлечени тинејџерка балерина, нејзиниот лудо вљубен дечко и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол, глумени од Миа Жиро, Мартин Ѓоргоски и Стефан Спасов, кои заглавуваат во лавиринтите на скопското криминално подземје, поради мобилен телефон што содржи компромитирачка видеоснимка, која ако заврши во погрешни раце, ќе летаат глави.

Најново

Последни колумни