Македонска премиера на играниот филм „Бело се пере на деведесет“ на 24. Синедејс

Филмот имаше Светска премиера на реномираниот Сараевски Филмски Фестивал во август оваа година, по што следуваа Филмскиот Фестивал.

По фестивалите во Сараево, Херцег Нови и Љубљана, „Бело се пере на деведесет“ во режија на Марко Набершник селектиран во програмата на Фестивалот на европски филм Синедејс

Долгометражниот игран филм “Бело се пере на деведесет“ во режија на Марко Набершник, во чија реализација Македонија учествува како малцински копродуцент, ќе ја доживее својата Македонска премиера на 24. Фестивал на Европски Филм – Синедејс, во рамките на програмата „МК во ЕУ“, на 8-ми декември, со почеток од 20:00 часот во Кино Фросина – МКЦ, Скопје.

Филмот „Бело се пере на деведесет“ е трогателна, инспиративна и проткаена со хумор приказна за животот на Броња, додека ја следиме низ различни фази од животот. Нејзиното безгрижно детство ќе биде прекинато од загубата на нејзината мајка болна од рак, а во доцните тинејџерски години и таа самата мора да се соочи со подмолната болест. И покрај бројните и речиси непремостливи предизвици, Броња успева да ги надмине со солзи, смеа и непоколеблив оптимизам. Филмот, инаку адаптација на истоимениот автобиографски роман на словенечката писателка Броња Жакељ, којшто доживеа меѓународен успех и беше издаден и на македонски јазик, го прикажува патот до созревањето на Броња во текот на 80-тите и 90-тите години од минатиот век и преку нејзината лична трансформација им нуди надеж и инспирација на гледачите.

Филмот е направен во копродукциска соработка меѓу 6 земји – Словенија, Италија, Хрватска, Србија, Северна Македонија и Црна Гора, со поддршка од Словенечкиот филмски центар и Виба Филм Љубљана, ФВГ Филмски фонд, Хрватскиот аудиовизуелен центар ХАВЦ, Филмскиот центар на Србија, Агенцијата за филм на Северна Македонија, Филмскиот центар на Црна Гора и Европскиот фонд за копродукции Еуримаж. Во реализацијата на овој филм, на главната продукциска куќа Перфо од Словенија ѝ се приклучија Квазар Филм, Кинорама, Биберче, Протос Филм, а македонски копродуцент е Црна Мачка Продукција.

Филмот имаше Светска премиера на реномираниот Сараевски Филмски Фестивал во август оваа година, по што следуваа Филмскиот Фестивал.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни