Во периодот 6-14 декември во Националниот музеј на романската литература (МNLR) во Букурешт, тамошните љубители на уметноста ќе имаат можност да ја видат изложбата на плакати „Мaкедонска глаголица” на македонскиот уметник Лазе Трипков.
Самото свечено отварање на изложбата ќе биде во рамките на манифестацијата „Ден на македонскиот јазик”, на 8 Декември, каде ќе се одбележи и 80 годишнината од официјализирањето на македонскиот јазик. Инаку, чествувањето на нашиот јазик во Романија се одвива од 2018 год. и е легализирано со законот бр.214, на предлог на тогашниот претставник на македонското малцинство во Романскиот парламент, г-ѓа Марија Венера Попеску.
Делата на Трипков кој, преку 20 години се бави (меѓу другото) со истражување поврзано со улогата на симболите во балканскиот регион, до сега биле изложени во над 70 поставки низ светот. Куратор на изложбата е историчарот на уметност Марика Теохаревска.
Манифестацијата „Ден на македонскиот јазик” во Романија, вклучително и изложбата на Трипков, финансиски е поддржана од Министерството за култура и туризам на Северна Македонија.