Македонската филхармонија се враќа дома по настапот во Виена

По блескавата изведба во „Музикферајн“, оркестарот ќе настапи на домашната сцена со кларинетистот Васко Дуковски и диригентот Марк Кадин.

По успешниот концерт во престижната сала „Музикферајн“ во Виена, каде што настапот беше пречекан со овации, Македонската филхармонија повторно се враќа на својата матична сцена во Скопје.

Во четврток, со почеток во 20 часот, публиката ќе има можност да ужива во програмата насловена „On Air“, која ќе обедини исклучителна енергија и музичка виртуозност.

На концертот ќе настапи реномираниот македонски кларинетист Васко Дуковски, уметник со меѓународна кариера и настапи во некои од најпознатите светски сали. Со оркестарот ќе диригира украинскиот маестро Марк Кадин, познат по својата динамична интерпретација и богат опус со европски филхармонии.

Настанот е уште една потврда за интернационалниот успех и уметничкиот подем на Македонската филхармонија, која во последните години сè почесто настапува на европските сцени, но останува верна на домашната публика и на промовирањето на македонската музичка култура.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни