Земјава утрово се разбуди под снежна покривка. Снежниот бран кој за зафати земјава вчера, ќе продолжи и денес со интензивни снежни врнежи.
До сега, највисока снежна покривка има во Штип, и тоа 30 сантиметри, додека од Скијачките центри скоро 70 сантиметри снег има на Попова Шапка.
Температурите речиси насекаде се задржаа под нулата, а на планинските и Скијачките центри максималните температури се движа дури до близу -10 степени.