Македонија добива дерби во американски ‘флег’ фудбал

Популарноста на американскиот фудбал, пополека, но сигурно, расте во земјава, а доказ за тоа се формираните два клубови за американски „флег“ фудбал, првиот во Куманово – Kumanovo Skeletons, а вториот во Скопје – Skopje Street Dogs.

Како што за Трн.мк објаснува Дамјан Костадинов од тимот Кумановски Костури, флег-фудбалот е безконтактна верзија на американски фудбал. Флег фудбалот настанал за време на втората светсак војна како иницијатива војниците да останат во форма и да се натпреваруваат, да го практикуваат американскиот фудбал, но да не би се повредувале притоа.

Тоа што е интересно е што американскиот „флег“ фудбал станува и нов олимписки спорт кој прв патќ е се игра на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.

„Куманово скелетонс или по нашки Куманово костури се прв и досега единствен клуб за американски фудбал во Македонија. Неофицијално постоиме од 2018 година, а официјално како спортско здружение или здружение на граѓани, се уште, од 2022 година, од мај“ раскажува Костадинов и објаснува дека бидејќи нема македонска лига, досега тие се натпреварувале во Србија и во Бугарија.

„Минатата година завршивме четврти во српската лига, оваа година шести. А во бугарската лига завршивме втори со тоа што бевме пролетни шампиони на бугарското првенство. Имаме учество земено и на интернационални турнири од кои главен би го споменал, еден од најдобрите, најпрестижни турнири во Европа, Адрија боул што се одржуваше во Хрватска. Една година во Ровињ, друга година во Пореч“ раскажува Костадинов.

Тој објаснува дека во 2023 година учествувале на интернационалниот турнир Балкан Боул, каде што тие како единствени претставници од Македонија, биле и неофицијална македонска репрезентација и токму учеството на тој турнир им ја отворил приликата да учествуваат во српската лига.

Но, Кумановски Костури не се веќе единствениот клуб во американски „флег“ фудбал во земјава, бидејќи од неодамна е формиран и тимот Скопски Џукели, од група ентузијасти за американски фудбал од Скопје.

„Ние како ентузијасти за американскиот фудбал често се собираме во Лабораториум гледаме утакнмици во недела навечер, од тмау порасна и оваа идеја и во Скопје да доведеме едно движење околу американскиот фудбал, односно флег фудбалот, да се собираме, да го уживаме овој спорт“ раскажува за Трн.мк Бојан Неделковски од тимот Skopje Street Dogs.

Тој вели дека со екипата од Куманово се запознале склучајно, поради љубовта кон американскиот фудбал, па по неколку заеднички гледања на натпревари, одлучиле да играат и тренираат заедно од што и произлегла идејата за формирање на тим во Скопје.

„Едноставено ја движиме таа иницијатива напред. Се надеваме на повеќе натпревари, повеќе тренинзи и на повеќе екипи во Скопје и пошироко во цела Македонија“ раскажува Неделковски.

За името на тимот од Скопје, Неделковски објаснува дека сакала да имаат име и маскота поврзана со самото лого и брендот на тимот.

„По долго мислење сфативме дека маскотата на Скопје е уличното куче, односно народски кажано џукела. Така се створи таа идеја, тој концепт, тоа име. Но поентата е да се забавуваме, да спортуваме и Скопје ќе го претставуаваат Скопје стрит догс во следниот натпревар со Куманово скелетонс“ вели Неделковски.

И двата тима се надеваат на проширување на идејата за американски „флег“ фудбал во земјава, основање на повеќе клубови во различни градови, но и формирање на федерација и репрезентација, која ќе може да се бори за пласман на Олимписките игри во 2028 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни