Search

„Македонисимо“ на 13 јануари во Монте Карло – прв концерт на Трпчески во 2024

Пијанистот Симон Трпчески концертната сезона ја продолжува на 13 јануари, кога во салата „Рение Трети“ во Монте Карло заедно со своите пријатели ќе го изведе „Македонисимо“. Трпчески, Краповски, Сомов, Мамудов и Нушев продолжуваат со претставувањето на проектот базиран врз традиционалната македонска музика, чии транскрипции, по идеја на Трпчески, ги потпишува нашиот истакнат композитор Панде Шахов. Со овој настап македонскиот пијанист го продолжува своето гостување како резиденцијален артист на Филхармонискиот оркестар на Монте Карло, во чии рамки е предвидено да одржи 4 концерти во тековната сезона 2023/24 година.

Првиот беше заедничката изведба на Вториот концерт за пијано и оркестар од Рахманинов во минатиот октомври, а по саботното гостување, како што информира „КултурОп“, остануваат уште две концертни вечери со различна програма до крајот на пролетта.

Фото: Wander Black Photography and Video

Најново

Последни колумни