Гостите од Казахстан го замолкнаа стадионот на почетокот на второто полувреме, кога по мешаница во шеснаесетникот и недоразбирање во нашата одбрана, Караман погоди за 0:1. Македонија потоа се обиде да го преземе темпото и по неколку неуспешни акции, конечно дојде до израмнување преку капитенот Енис Барди, кој со фантастичен слободен удар од околу триесет метри ја погоди мрежата на Сеисен.
Со овој гол, Барди стигна до својот јубилеен 20. погодок во дресот на националниот тим и повторно ја разгоре атмосферата на трибините. Македонија потоа продолжи да притиска, но не успеа да постигне победнички гол, и покрај шансите на Трајковски, Елмас и Серафимов во финишот.
Со овој резултат, Македонија останува во трка за второто место, но ќе мора да победи во последниот меч од циклусот против Велс во Кардиф за да обезбеди место во баражот. Белгија, пак, со две лесни средби пред себе, речиси сигурно ќе го задржи првото место во групата.