Македонија ќе има четворица претставници на Зимски олимписки игри 2026, што ќе се одржат во Милано и Кортина д’Ампецо во Италија од 6 до 22 февруари 2026 година.
Спортскиот тим на Македонија ќе се натпреварува во два зимски спортови, алпско скијање и крос-кантри скијање, со по двајца натпреварувачи од двата пола.
Во алпското скијање, нашите претставници ќе бидат Јана Атанасовска (слалом) и Мирко Лазарески (велеслалом)/
Во крос-кантри скијањето, наш тим ќе го сочинуваат Ана Цветановска и Ставре Јада, кои ќе настапат во спринт и трките на 10 километри.
Ова ќе биде уште едно значајно учество на Македонија на Зимските олимписки игри, каде што нашите спортисти ќе се обидат да ја претстават земјата со најдобри резултати на светската зимска сцена.
