Македонија и САД на 7 април во Вашингтон ќе одржат нова сесија од стратешкиот дијалог. Познат е составот на македонската делегација.
Македонија и САД на 7 април во Вашингтон ќе одржат сесија од стратешкиот дијалог, воспоставен во 2022 година.
Информацијата ја соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
Во македонската делегација, покрај Муцунски, ќе учествуваат и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.
Домаќин на средбата ќе биде заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Лендау.
Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД претставува рамка за долгорочна соработка на највисоко ниво.
Главните области опфатени со овој процес се безбедноста и одбраната, енергетиката, економијата и инвестициите, како и владеењето на правото и геополитиката