Фудбалската репрезентација на Македонија ги дозна противниците во бараж мечевите за пласман на Светското првенство во 2026 година.
Во полуфиналниот меч Македонија ќе се сретне со Данска. Ако успее да ја совлада оваа репрезентација тогаш македонските фудбалери ќе играат против победникот од мечот Чешка и Ирска.
И двата меча Македонија ќе ги игра на гостински терен.
Полуфиналето е закажано за 26 март, додека финалниот меч ќе се игра на 30 март 2026 година.
