Северна Македонија ќе биде домаќин на Европското првенство во „Б“ дивизијата за кошаркари до 16 години (У16), кое ќе се одржи од 5 до 16 август 2026 година. Меѓу учесниците ќе биде и македонската младинска репрезентација.
Од Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) изразија задоволство од назначувањето, нагласувајќи дека организацијата на ваков настан е резултат на долгогодишната работа и искуство во реализација на меѓународни спортски натпреварувања.
Настапот на домашен терен ќе биде дополнителен мотив за македонските кадети, кои ќе имаат можност пред својата публика да се борат за висок пласман и напредок на европската сцена.
Следуваат дополнителни детали за градот-домаќин, салите и распоредот на натпреварите, кои ќе ја потврдат Македонија како еден од центарите на младинската кошарка во Европа во 2026 година.
