Македонија под снежна покривка и ниски температури

Во Маврово има највисока снежна покривка од речиси 60 сантиметри, околу 50 сантиметри снежна покривка има на Попова Шапка. Од градовите највисока снежна покривка е измерена во Крушево 22 сантиметри, во Тетово 10 сантиметри, 4 сантиметри во Прилеп, 3 сантиметри во Битола, и 2 сантиметри во Претор и во Крива Паланка

Вчерашниот ден и ноќва донесоа снег во повеќето градови низ Македонија, а на Скијачките центри снежната покривка е над половина метар. Во Маврово има највисока снежна покривка од речиси 60 сантиметри, околу 50 сантиметри снежна покривка има на Попова Шапка. Од градовите највисока снежна покривка е измерена во Крушево 22 сантиметри, во Тетово 10 сантиметри, 4 сантиметри во Прилеп, 3 сантиметри во Битола, и 2 сантиметри во Претор и во Крива Паланка.

До петок Македонија ја очекуваат повремени локални врнежи од снег, додека во југоисточните предели и во Повардарието врнежите ќе бидат претежно од дожд. Ќе има понатамошно зголемување на снежната покривка. Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).

Во Скопје  и околината исто така ќе има повремени послаби врнежи од дожд и снег, а снег особено се очекува во повисоките предели од котлината, како и на околните планини. И во Скопскиот региот повремено ќе дува засилен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 60 км/час).

Што се однесува до температурите, тие наутро речиси насекаде ќе бидат под нулата, а дневните температури на многу места ќе бидат за неколку степени над нулата, а во некои градови, особено оние повисоките тие ќе се движат околу нулата, а на планинските  места и на Скијачките центри тие постојано ќе бидат под нулата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни