Со оваа победа Македонија има четири поени во главната рунда и обезбедува подобар пласман во групата.
Играч на натпреварот беше прогласен Марко Митев кој го заврши натпреварот со пет голови, додека најуспешни во македонската репрезентација беа Пешевски и Кузмановски со по шест голови. Кај Катар најуспешен беше Керол кој постигна 12 голови.
Со оваа победа Македонија се искачува на третата позиција во групата со четири поени, но со натпревар повеќе од останатите конкуренти. Во последното коло Македонија ќе игра против главниот фаворит Франција, кои во моментов се на првата позиција со шест поени.
Теоретските шанси за пласман во четвртфиналето остануваат, а со досегашниот резултат е постигнат пласман помеѓу 13 и 16 место на светското првенство на кое учествуваа 32 репрезентации.