Минатата година состојбата со слободата во Македонија се влошила, а авторитаризмот се засилил, покажува новиот годишен извештај на невладината организација ,,Фридом хаус”, која ја следи состојбата на демократијата ширум светот. Како и во претходниот извештај во 2023 година, и во 2024 година, Македонија има 67 од 100 поени и е рангирана како делумно слободна земја.
Од земјите од соседството, напредок за еден поен во однос на 2023 година има Босна и Херцеговина, а пад од еден бод има соседна Србија. Кај останатите земји од Западен Балкан, како и кај нас, нема ниту напредок ниту уназадување во однос на рангирањето од 2023 година. Во извештајот се забележуваат и случаи на значително подобрување во регионот на Јужна Азија, а Сенегал и Бутан добиле статус на слободни земји.
„Фридом хаус“ е непрофитна организација финансирана од американската влада, со седиште во Вашингтон и ја оценува состојбата на слободата во секоја земја. Во извештајот ,,Слобода во светот“ на глобално ниво, го оценува пристапот на луѓето до политичките и граѓанските права и слободи. Во зависност од тоа колку поени добива една земја, таа се вбројува во три категории: слободни земји, делумно слободни и неслободни.