Според досегашните информации, загинаа 24 лица, додека бројот на исчезнатите останува непознат. Уништени се повеќе од 20 станбени единици, а стотици домаќинства се соочуваат со сериозен ризик по животот и здравјето.
Во координација со Црвениот крст на Босна и Херцеговина, Црвениот крст на Северна Македонија понуди помош во материјални, технички и човечки ресурси, доделувајќи првична донација од 10.000 евра од своите резерви. Организацијата ги повикува сите правни субјекти и граѓани да ја покажат својата солидарност преку парични донации на специјалната сметка на Фондот за солидарност или преку донации со телефонски повици.
Донации може да се уплатат и во странска валута, при што се наведени сите потребни податоци за меѓународни трансфери.
Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:
- Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настрадано население од поплавите во БиХкако и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.
- За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228