Македонија против Саудиска Арабија во Прага: Генерална проба пред важниот дуел со Лихтенштајн!

Македонија денеска од 17 часот во Прага, ќе го одигра својот трет пријателски меч во својата историја со селекцијата на Саудиска Арабија.

Досега има пораз и реми. На 22 октомври 2022 година во Абу Даби, предводени токму од сегашниот селектор Благоја Милевски, во еден комбиниран состав загубија со 0:1.

Ова беше составот на Македонија на тој меч во Аби Даби:

Наумовски, Тошевски, Брдаровски, Бејтулаи, Велковски, Адем, Димоски, Хасани, Дориев, Максимов, Ибраими

Играа уште: Стојановски, Трапановски, Илиевски, Шабани, Николов, Алексовски, Мерџани, Младеновски.

Од сите нив денеска се очекува да настапат Велковски, Илиевски и Алексовски.

Претходно на 1 август 2001 година, тогаш Македонија во Ријад одигра 1:1 против домашната селекција на Саудиска Арабија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни