Натпреварот беше одбележан од низа прекини, исклучувања и над 10 удари од седум метри за репрезентацијата на Холандија. Македонија до крајот на натпреварот имаше два црвени картони, наспроти еден за репрезентацијата на Холандија.
Најдобар во репрезентацијата на Македониај и вечерва беше Филип Кузмановски кој постигна девет погодоци, додека Тен Велде од Холандија постигна 11 голови.
По овој натпревар, Холандија е прва на табелата со четири поени и сигурен пласман во главната рунда, додека Македонија останува на еден освоен поен, по нерешениот резутлат со Унгарија во првото коло.
Последното, трето, коло од прелиминарната фаза, Македонија го игра против Гвинеја во недела, кога треба да го заври пласманот во главната рунда против аутсајдерот.