Македонија гори: За еден ден избувнале 52 пожари, десет се сè уште активни

Најновиот извештај на Центарот за управување со кризи за 9 јули 2025 година покажува алармантна слика: во текот на само едно деноноќие низ целата земја се регистрирани 52 пожари. Од нив, 10 се сè уште активни, а 4 се водат како ставени под контрола. Ситуацијата е критична и јасно укажува на сериозен недостиг од координација, ресурси и институционален одговор.

Најпогодени подрачја се општините Прилеп, Македонски Брод, Велес, Желино, Чашка, Дојран и Виница. Гореле шуми, пасишта и нискостеблеста вегетација, а дел од пожарите се прошириле во близина на населени места. И додека теренот бара итна и организирана интервенција, јавноста со загриженост следи како институциите реагираат спорадично и неефикасно.

Трн уште пред почетокот на пожарната сезона упати прашања до ЈП Национални шуми со намера да утврди дали сме подготвени да се справиме со вакви ситуации: колку канадери имаме на располагање, колку е обучен персоналот, и што конкретно значи забраната за движење во шуми – дали и што навистина превенира? Одговори сè уште нема, а сликата на теренот е јасна: шумите се гориво, државата е отсутна, а граѓаните повторно остануваат сами во битката со огнената стихија.

Проблемот со летните пожари не е нов, но одговорот останува ист – неподготвеност и игнорирање. Секоја година гледаме како ситуацијата ескалира.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни