Македонија ја пречекува Белгија во квалификациите за СП 2026

Македонија по две кола има четири бодови, победа против Лихтенштајн и реми со Велс, додека за Белгијците ова ќе биде прв меч во квалификациите

Фудбалската репрезентација на Македонија вечрва ја дочекува Белгија во својот трет настап во квалификациите за Светското првентство 2026 кое ќе се игра во САД, Канада и Мексико.

Селектрот на македонската репрезентација Благоја Милевски пред мечот истакна дека Белгија е силна репрезентација, па сите од нашата екипа мора да дадат максимум ако сака да извлече поволен резултат.

„Мора да сме на својот максимум, па ќе видиме што ќе ни донесе тоа. Овој јунски период години наназад ни е проблематичен. Што се однесува до сегашната ситуација, мора да го смениме тој менталитет индивидуално и како тим. Тоа што го видов изминатите седум дена ми дава за право да бидам оптимист дека овој јуни ќе биде поинаков. Менталитетот на играчите е поинаков отколку досега, атмосферата и енергијата се одлични. Без оглед на повредите, во текот на овие денови имаме дополнителни проблеми. Под знак прашалник се Алими, Димоски и Трапановски, но се надевам дека ќе бидат способни да заиграат. Се надевам дека на физички план ќе бидеме поподготвени од минатото“, рече Милевски.

Македонија по две кола има четири бодови победа против Лихтенштајн и реми со Велс, додека за Белгијците ова ќе биде прв натпревар во мундијалските квалификации.

Вечерва, Македонија и Блегија ќе го одиграат петтиот меѓусебен дуел. Претходните дуели беа во квалификациите за пласман на Европското првенство во 1996 година и Светското првенство во 2014 година.

Белгија има три победи, еден натпревар завршил нерешено, првиот пред три децении, кога во Брисел Македонија одигра 1:1. Гол разликата е 9:1 во корист на Белгија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни