Крадел за да заврши во затвор: Македонец во Швајцарија осуден на пет години затвор

Млад македонски државјанин во Швајцарија осуден на пет години затвор по серија грабежи. Пред судот изјавил дека сакал да биде уапсен за да се ослободи од зависност од алкохол.

Окружниот суд во швајцарскиот град Бремгартен донесе пресуда во невообичаен случај во кој млад македонски државјанин беше осуден на пет години затвор поради серија грабежи и други кривични дела.

Според судските документи, пред речиси две години обвинетиот извршил повеќе грабежи во продавници од синџирот „Фолг“, како и во златарници во регионот Бремгартен и Аргау, при што се стекнал со значителна материјална корист. На товар му се ставаат и дополнителни дела, меѓу кои насилство и закани кон државни службеници.

Обвинетиот ги признал сите кривични дела. Обвинителството побарало максималната казна да не надминува пет години затвор, што судот го прифатил.

За време на судењето, тој изјавил дека во периодот кога ги извршувал делата бил зависен од алкохол и дека намерно сакал да биде уапсен. Според неговото сведочење, верувал дека затворската казна е единствениот начин да се ослободи од зависноста.

Судијата нагласил дека вакво образложение ретко се среќава во судската пракса, особено со оглед на тоа што обвинетиот бил информиран за можноста за лекување во специјализирани центри за рехабилитација, но не побарал таква помош.

Покрај затворската казна, осудениот е обврзан да плати над 80.000 евра отштета. По издржувањето на казната, му е изречена и трајна забрана за влез во Швајцарија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни